Sunday, October 25, 2009

Ви реков!

Имам многу што да пишувам посебно за импресиите од летото затоа што бев Америка. Не верувам дека ве интерсира лично како поминав ама сигурно ќе ве интересираат впечатоци за економијата на масовна конзумација(ју ес еј). За тоа другпат.

Сега само еден дијалог со другарче така-речи чамче-муабет.

________________________
Другарче: Абе ти се верува дека уште берат тутун ??<чудење, прашалничка фаца>?
Јас: <немам појма од тутун па се чудам што е чудното>. Да вистина ? А зошто шо има врска?
Другарче: Абе како што има тоа никогаш не било. Луѓево нема шанси тутунот да го исушат и сиот ќе се продај како 100та класа и ич пари нема да земат. Ама додуша му е гајле нив само килажа гледаат да прикрени оти едно евро субвенции секако ќе земат.
______________________

БУУММ тогаш се сетив дека имав блог пост за тоа како ќе има понизок квалитет и слично. Поентата не ми е дека јас сум многу јак визионер туку едноставно еден доказ дека она во учебниците не што не е далеку од реалноста, туку баш ја одсликува реалноста.

Thursday, June 11, 2009

Дисторзии на пазарот на тутун

Значи после она што го слушнав на Аграр на А1 сакам да прокоментирам нешто во врска со субвенционирањето на тутунот и дисторзивните ефекти. Студент што положил основи на економија прво што ќе каже е дека менување на пазарните цени од страна на државата преку субвенции и слично ќе предизивка вишок, или кусок во зависност каква политика се применува. Но сега не сакам да зборувам за количинските пореметувања кои секако дека ќе се случат - ќе се произведе повеќе од што бара пазарот-, туку сакам да кажам збор два за начинот на субвенционирање и неговите ефекти врз квалитетот на производите.

Еве учебнички пример за специфични царини. Специфични царини се царини кои се наплаќаат во фиксен износ по единица увезена стока. На пример 10 денари по килограм банани. Се вели дека рационален увозник никогаш нема да сака да увезува неквалитетни производи оти помала стапка на цариниње би имал со поквалитетни. Пример ако некои скапани банани се 20 денари/кг, а некои супер банани се 200 ден/кг тогаш увозникот на скапани ќе плати 10/20*100 или 50% цариниски давачки, а увозникот на супербаннани ќе плати 10/200*100 или 5% царински давачки. Ова стимулира увоз на квалитетни банани.
За тоа толку. Ајде сега оваа учебничка и здраворазумска анализа да ја примениме на нашиот случај со тутунот.


Владата ветува 60 денари субенција од килограм тутун. Ова е еден вид специфична субвенција. Каков одраз ќе има врз квалитетот ? Па производителите на високо квалитетен тутун кој чини пример 240 денари за килограм ќе добијат 60/240*100 или 25% стимулација, а пак оние на нискоквалитетен тутун кој чини 120 денари за килограм ќе добијат 60/120*100 или 50% субенција. Очигледно се стимулира производство на неквалитетен тутун. Се разбира за да ова биде докажано треба да се исполни претпоставката за константно учество на трошоците во приходите при различни нивоа на квалитет. Тоа значи дека ако претпосатвиме дека трошоците учествуваат со 50% во продажната цена, тогаш..
Производителот на нискоквалитетен тутун, ќе има 60 денари трошоци по килограм тутун. Тој тутунот го продава 120 денари и има 60 денари профит. Тој добива и 60 денари субенција од државата и има вкупен профит од 120 денари на инвестицја од 60 денари (тоа се трошоците на производство), или профитот изнесува двојно од неговата инвестицја.
Производителот на квалитетен тутун пак, има 120 денари трошоци (под услов да е исполнета претпоставката дека и тој има исто 50% учество на трошоци/приходи), продава по 240 и има 120 профит. И тој исто добива 60 денари од државата и неговиот профит изнесува 180 денари на инвестиција од 120 денари(трошоците се инвестиијата). Тоа на производителот на високо квалитетен тутун му дава 180/120*100 или неговиот профит изнесува 1.5хИнвестицијата.
Е сега кажете ми мене, рационално човечко homo economicus суштество ќе инвестират во производство кај што ќе има 150% профит или 200% профит ??? Многу е јасно дека ќе инвестира во прозиводство на неквалитетен тутун. Да не зборуваме какви макроеконмски импликации тоа ќе има (пример неквалтиет тутун>ниски извозни цени>помал девизен прилив>промаршена макроекономска политика со субвенциите, под претпоставка зголемувањето на производството да не е доволно за да го амортизира негативниот ценовен ефект)

Конечно, најбитно од се е колку држи претпостаквата за константо ниво на трошоци/приходи при различни нивоа квалитет на прозиведен тутунч. Ќе биде грубо нагаѓање ако се теоретизира околу тоа. Тоа може да се утврди со конкретно мерење и една емпириска анализа, така со сигурност ќе се знае кој е негативниот ефект на субвенциите врз квалитетот.

Се разбира јас сум против секакви субвенции не само поради квалитетот, туку и поради базичните дисторзии кои ги предизвикуваат (количини итн), но доколку некој сака нешто да субвенционира ова очигледно не е начинот тоа да се направи.

Tuesday, June 2, 2009

Милтон Фридман, Капитализмот и Слободата, Слободен избор

Можеби веќе имав спомнато некаде порано, ама без некои посебни детали, за двете книги кои ги прочитав последно. Двете книги се на Милтон Фридман и се викаат Капитализмот и Слободата и Слободен Избор. Во нив воглавно се расправа за либералните принципи, се величи либералниот капитализам, пазарната ефикасност и слично. Преку милиони примери Милтон Фридман се обидува да допре и до обичниот човек, неекономистот, на кој сака да му докаже дека капитализмот и пазарните принципи се многу поефикасни дури и похумани за општеството одколку раката на државата. Исто така во фокусот на Капитализмот и Слободата е докажување на врската помеѓу двата дела на насловот. Имено Фридман тврди дека капитализмот и слободата одар рака под рака. Односно слободата е невозможна во друг систем во општеството. Тој тврди дека секаков друг начин на производство неминовно доведува до ограничување на личните слободи, односно секаков друг систем бара тоталитарно владеење. Од друга страна пак, тој не вели дека со самото постоење на капиталистичкиот начин на производство доаѓа и политичката и личната слобода, туку дека капиталистичкото уредување е предуслов за политичка и лична слобода. Овие и слични дела на Фридман ќе бидат доста убедливи во 80тите години и на власт во САД ќе ги доведат Роналд Реган а во Англија Маргарет Тачер.

Милтон Фридман скоро во цел текст потсетува на принципте на невидливата рака на Адам Смит и користите кои доаѓаат од таков начин на општествено уредување. Потсетува како егоизмот кој е во коренот на човековата природа, може да биде зауздан и довден во правец да работи за општо добро само во капиталистички начин на производство.

Сега ќе пробам со по една реченица две да ги опшиам двете книги.

Во Каптиализмот и Слободата која е пишувана во 1960тите на малку повисок стил се испишани принципите на кои треба да се заснива едно слободно и ефикасно општество. И тука се дадени примери, цитати, и слично, но повеќе се фокусира и на теоретската основа на таквото функционирање. Мислам дека оваа кинга во однос на Слободен Избор бара малку повеќе знаење во однос на економијата и функционирањето на пазарот.

Слободен Избор пак повеќе се фокусира на објаснување преку поедноставни примери, на допирање до обичниот човек, и убедување дека пазарот е и најефикасниот е единствениот начин за постоење на политчка и лична слобода. Интересно е што оваа книга е пишувана во 70-80титте и веќе работите имаат почнато да се менуваат во САД. Така во последното поглавје The Tide is turning Фридман расправа за делумниот триумф на либералните идеи за кои тој се залага. Исто така има и документарец кој се вика Слободен Избор и е горе долу сличен со книгата.

Сега да направам една динстинкција која самиот Фридман во едно од последните интерјвуа ја потенцираше. Капитализмот и Слободата, Слободен Избор, Тиранијата на статус квото, и слични дела според Фридман се за општата јавност, и тој инсистира тие да бидат судени одделно од неговите научни дела и достигнувања како што е на пример Монетарна историја на САД.

Сега конечно до прашањето што можеби најмногу ве интересира. Каков е одразот на ова врз студирањето ??? Па можам да ви наредам аргументи па сами одлучете.
Прво, Не верувам дека би научиле нешто ново освем тоа што веќе го знаете од основи на економија кое пак би го зацврстиле, утврдиле и посигурно разбрале.
Второ, Живееме во посткомунистичка земја, идеите за либерален капитализам не само што не се интересни кај обичните луѓе, туку тешко дека би добиле наклоност и од некој од нашите професори.
Трето, Некои познати професори на Запад ја препорачуваат книгата за читање за студенти по економија како "потсетување на основните принципи" (Mankiw)
Четврто, Книгата е идеолошка инекција, секогаш те велече да размислуваш во тој правец. Секогаш кога ќе слушнеш да се дискутира (на предавање на пример) за нешто што е опфатено во истата убеден си дека страната која се брани во книгата е вистинската.

За крај за да се уверите во убедливоста на аргументите (има една поговорка вика " Секој сака да дебатира со Милтон Фридман, ама кога не е тука"), ви препорачувам да ги изгледате видеата на ЈјуТуб со Милтон Фридман и да видите колку звучи убедливо. Ако се сеќавате спомнато беше во книгата по Монетарна а и во видеата на Фридман, тој често викал "Јас и не тврдам ништо, но доказите тврдат ...".

Инаку книгата не знам дали ја има на Македонски, но сигурно ја има на српски во факултетската бибилиотека (баш ме интересира дали е веродостоен преводот оти е преведувана во комунистичко време и текстот на книгата го тврди баш спротивното од тогашното во СФРЈ). Јас и двете книги на англиски ги порачав од амазон.

Толку засега народе :) Ако читат некој до тука воопшто.. Наредниот пат се мислам да пишам за "Prediction Markets" или пазари што предвидуваат, или пак можеби за Австриска Теорија на бизнис циклусот.


Monday, May 25, 2009

Прогресивно оданочување, чорбаџии, Кејнз и штедење

Сега скоро сме при крај со Јавни Финансии, и уште една работа не ми е јасна.
Во принцип заклучок базиран на економски аргументи минус политика е дека нас ни треба прогресивно оданочување а не пропорционално. Има повеќе аргуметни кои се неспорни во полза на прогресивното оданочување. Сето тоа е во ред. Она што ме буни е еден аргумент против прогресивното оданочување.

Значи вака познато е, а ако не во учебникот пишува дека на земји како Македонија му е потреба поголема акумулација (штедење) за да се развие.

Е сега познато е по Кејнз дека
MPC + MPS =1 .. Т.е маргинална склоност кон арчење и маргинална склоност кон штедење е еднакво на единица. Исто така се вели дека со порастот на доходот се намалува склоноста кон потрошувачка а се зголемува склоноста кон штедење. Тоа значи дека штедат тие што имаат - чорбаџиите, и не само тоа, туку дополнителниот дел доход што ќе го добие едно лице ќе биде заштеден или потрошен во зависност од тоа колкав доход има лицето. (т.е дополнителниот доход чорбаџиите ќе го заштедат во поголем дел од сирмоашните).

Ова се користи како аргумент за трансфери и прогресивно оданочување односно регулирње на потрошувачката - односно игра стабилизациона функција. Но нешто друго тука е проблем, што со земјите каде треба штедење наместо регулирано трошење ?

Значи, да сумираме ако нас ни треба штедење, а маргиналната склност кон штедење расти со порастот на доходот, дали тоа значи дека гледано само од аспект на штедњето нас не ни треба прогресивно оданочување? Напторив ако толку многу сакаме штедње ни треба регресивно. Односно, да му оставиме повеќе на богатите оти тие ќе штедат а помалку на сиромашните оти тие ќе трошат.
Се разбира ова се коси со принципте на правичност што е неспорно.

Но конечно, дали против аргумент на прогресивното оданочување во наши услови на земја во развој е токму оваа ситуација со штедњето ???

Гледам јас три опции тука..
Или јас истресов тешки зелени од незнаење..
Или ова што го кажав е точно
Или пак ова што го кажав е точно ама само теоретски, односно при конкретно мерење истражување и слично негативните ефекти на прогресивно оданочување врз штедњето се безначајни за да се смета за сериозен аргумент против прогресивно оданочување во земјите во развој, ама во тој случа нели треба автоматски да стани противаргумент на прогесивното оданочување во земјите во кои се оправдува како автоматски стабилизатор на потрошувачката ???

Коментар за СИКО

Ако случајно сте го гледале СИКО документарец на Мајкл Мур за здраството во САД ова е коментар за тоа. Филмот случајно го зачекав на Канал 5 и првите 30 мин изгледаа сериозно, после сето беше чиста политичка пропаганда. Сепак треба да го гледате и да одлчучите самите.

Кометаровг го имам пишано на Капитализам блогот на Виктор, така да за да го сватите добро е да го прочитате таму контекстот во кој е пишуван.

Еве што пишав

Прво, Реган не го имав слушнато/читано. Ама од ова што го слушнав е нешто феноменално.

За СИКО и за Мајкл Мур. Личните приказни на американци што страдале што ги презентира за момент ќе те однесат во правецот да веруваш во тоа дека социјална медицина е добра работа. НО! Кога почна да ги фали Британија, Франција, Куба и Канада е тогаш си се уништи.

Еве за канада интересен пример. Пол Кругман исто левичар, а и нобеловец по економија од годинава, на дебата за здраството рече... односно се избламира и направи еден од попознатите гафови на економистите :)

Пол - Хмм, сакав да прашањм нешто... само ...
Модерторот- Прашај слободно.
Пол - Колку од вас се Канаѓани ????
[седумина креваат рака]
Пол- Одлично. Ајде сега кренете рака кој од вас е незадоволен од здраството во Канада ???!
[креваат рака истите седумина]
[смеа]
Пол- Уфф грешка.

Парадата со куба беше одлична – пропагандна порака на кубанската диктатура. Мене само ме зачуди што не беше Фидел тука да ги поздрави и пречека америчките револуционери.
Дека секој во Куба добива таков третман мало морген, тоа можете да го видите од како што рече виктор... кој каде емигрира ?? Кубанците во Америка или Американците во Куба ???
Понатаму тоа со лековите од 5 центи. Па тоа е смешно. Не треба да си економист за да знаеш дека пореметени цени прават или вишок или кусок. Во случајов прават кусок. Има докази за кубанци кои не можат да ги добијат потребните лекови (иако се мноооогу ефтини само 5 центи) ги нарачуваат лекови од роднини од америка по 120 долари. Или кубанците се нерационални т.е ментални што порачуваат за 120 долари од америка а ги имат по аптеки за 5 центи, или пазарот си ја прави својата магија.

Уште еден фин факт кажа другарчето погоре. Да го цитирам за да доловам момент,
“Поентата на Мур во филмот е дека ако една скапана држава како Куба може да има бесплатно здраство зошто да не може САД”. Одговори го болдираното, односно зошто Куба е скапана држава ќе ти стани јасно зошто САД нема универзалноз здраство. Од такви како Мајкл Мур куба е скапана а САД нехумана и богата.

Реган мисалм дека го потспомна некаде во видетоо фактот дека Америка има најквалитетно здраство. Понатаму САД е носител на пронаоѓањето на лекови, лечењто итн. Социјално здраство во САД нема грев само за САД да биди, тоа ќе биди грев и за човештвото, оти тоа ќе ја скрати можноста за пазарна валоризација на медицината а преку тоа и иновација.Ништо не е измислено во човештвото за социјален интерес. Тие се носители на прогресот во медицината, со социјалнос здраство крај е на таа приказна. Во услови на социјално здраство квалитето на услугите, компетентоноста на докторите, интересот за студирање медицина и све остало ќе падни драстично.

Тоа е тоа..
Можам само да додадам дека можеби пазарното вреднување на нештата во здраството наликува на нешто нехумано, но ако за момент се занемарат индивидуалните приказни, на макро ниво, пазарно здраство треба да е подобро за опшата популација.

Tuesday, May 19, 2009

Студентски протести

Во никој случај не ги подржувам. Евен линк од А1 за што се работи макар што не е опишано се што пишуваше на тоа памфлетчето...

Значи приказната е стандардна, да укини партиципацијата, да има бесплатно здраство, да има перфектни студентски домови, Да живее Че, Ура за пролетеријатот!, Другови и другарки... да има.. да има.. да има... да има кој да плати!!!!!

Прво за партиципацијата што и мене ме погодува по џебот. Кај нас мислам дека не е квантитативен проблемот со образованието - туку квалитативен. Па наместо да работиме во мали групи со интерактивна настава, дискусии, дебати и се друго што го прави образоването забавно, ние 1000 души во амфитеатар за 100 (посебно во прва) се потевме како говеда а камоли да слушниме што збори професорот. Професори има и спремни да објаснат и не спремни. Ама и најспремните и најнеспремните наставници ќе бидат многу подобри во мали групи.

Е сега ова што го бараат нашиве другарчиња е да биди бесплатно образованието. Дека нема бесплатен ручек тоа сигурно мислам му верваме на Фридман. Значи нешто и некако треба да се плати а верувам дека тоа ќе биди на пример преку помали плати за професорите (читај мотивација или поќе корупција како ти годи), помала техничка опременост, помалце преведени учебници, помалце помалце помалце.. Значи ресурсите се ретки и ограничени и или имат студенти колку што има сега и се опремени како што се, или пак ќе има повеќе и ќе бидат опремени полошо.

Уште една лекција од економија е дека цената е сигнал. Ако образованието е бесплатно цената ќе прекине да биде сигнал оти ќе ја нема. Што ќе значи тоа во нашиов свет ? Тоа ќе значи дека нашите преполни факултети ќе се дозатнат со едно стадо "студенти" кои нема да имаат никаква основа или мерило за вреднување на обарзованието, односно би се приклучиле на образованието при цена 0. Чим би се приклучиле при цена 0, тогаш нив образованието му вреди 0( за нив и неуспехот е трошок 0), и дали ќе му го земат местото на некој кој навистина го вреднува образованието и спремен е тоа да го демонстрира пазарно - да плати де, само оти некој бирократски дебил сметал дека зет за вујко на тетка му ќе биде подобар избор за студентското место. Значи настрана аргументите дека давње сила на бирократија е нешто од што патиме а не нешто што сакаме, самиот погрешна селекција поради тоа што нема реална основа за вреднување на користите од образованието е доволно големо зло за ваквата идеа да се гони у три пм.

Колу такви студенти ќе бидат ? Многу. Па таа незаинтересирана гунгула и сега е мнозинство и можеби главниот виновник за нискиот квалитет на нашево образование. Во еден амфитеатар кај што 150/200 студенти прат "пффф досадно е" тешко дека тие 50 ќе се заинтересираат. Настрана тоа што по погорниов концепт не само што ќе има поќе луѓе во амфитеатарот ами и ќе се зголеми учеството на тие што ќе прат "пффф". Некој ќе речи колку е квалитетен професорот е битно, да тоа е битно, ама побитно е заинтересирана публика.


Ајде економските нелогичности и дубиози му се простени. Ами се осудуваат да зборуваат за ЕКТС (тоа хоби му е на сите значи). Под ЕКТС просечен македонски студент подразбира тест со 2 понудени одговори од кои еден е точен, и точниот е болдиран. Во ЕКТС оценувањто е игри без граници, професорите секогаш имаат разбирање за да ја спуштат границата, а ако и тоа не е доволни секогаш се доволно добри да го пуштат студентот и без оценување ако треба. ЕКТС колеги во најмала рака претпоставува интерактивна настава што со овие цени на образованието е невозможно - чаре да се зголемат и да се намали бројот на студентите. Тоа значи море изработка на проекти море ова море она. Такви работи не дека не се спроведуваат кај нас, ами со онај број на студенти не можи да се спроведат. Прва година на економски, Таки Фити дели проекти по студенти за домашна ... Едно 1200-1300 студенти..Само на Таки Фити ќе му требат цела факултетска администрација да му подели задолжителни проекти на секој студент. Замисли сега да подели по 3 проекти или домашни задачи во текот на семестарот. И нека се ангажираат сите професри на факултет да ги прегледаат во текот на еден месец. Е Сашто Арсов по финансиски менаџмент делеше така домашни ама јака му душа - тој си знае како поминал со толку семинарски, домашни, тестови, списоци, да не прајме муабет што одвреме навреме печатеше статии со примери од практиката.


Бесплатно здраство..... Толку ова не го коментирам самото е доволно. Изгледа му има останто од шаблон за комунистички флаер.

Е сега стигнавме до студентски домој што се полни со деца од провинција дојдени во Скопје да успеат во животот и живеат во студентски а по студирање не толку. Студентски се полни со се само со студнети не. Дека не чинат условите не чинат - дека за парите толку - толку е.

Се слагам со студентско организирање (со изразито дистанцирање од било каква левичарска или десничарска етиката, што не може да се каже за ова сегашново орг.), се слагам со студентски медиуми. Неефикасноста на студентската администрација делумно се должи на техничка неопременост (читај пари-читај школарина), делумно се должи да превисокиот број на студенти.

Баш сакам ако некој има податоци да пресмета faculty-to-student ratio. За повеќето македонски факултети и да правиме споредби. На неколку сигурно ќе има нормални бројки, ама за повеќето посебно општествените чисто сумљам.


Ботом лајн на целава приказна е дека кај нас студентте сакаат поголеми буџети за факултетот со помалце школарина, повеќе студенти во помали групи, ефикасна админситрација со бесплатно студирање, бесплатнос студирање со квалитетно образование...Помали плати по можност за професорите со помалце корупција... е не дечки, те се обратни рабоќе и не одат така заедно..

секако бесплатнотот здраство како Срп и Чекан, пардон црешна на врвот од тортата на нашиов студентски резил.

Wednesday, May 6, 2009

Ребаланс 2009 VS Буџер 2009

Домашната по јавни де...


Ребалансот на буџетот за 2009 година во својот фоукс ги има последиците на светската економска криза. Според владиниот извештај самиот ребаланс е условен од случувањата во светската економија кои се ефектуираат и врз Македонската. Ребалансот тргнува од владината проекција за раст од 1% на Македонската економија која споредена со проекциите на останатите релеванти домашни и светски институции изгледа најоптимистичка. Проекцијата за негативен раст од -0.4% на НБРМ, -2% раст на ММФ се примери кои противречат на владините проекции. Евентуално погрешната проекција на растот може да предизвика сериозни проблеми во проектирањето на јавните приходи. На пример, раст понизок од планираното може да значи помал обем на јавните приходи што од своја страна доведува до потребата од непланирано и хитно позајмување од страна на владата. Тоа пак доведува до пораст на каматните стапки што пак би ги успорило приватните инвестиции кои треба да бидат основа на закрепнувањето и растот на економијата во иднина. Доколку пак тие фискални ефекти наместо со позајмување би се амортизирале со поголема наплата, тогаш падот на БДП и фиксните јавни приходи би условиле пораст на фискалната пресија што исто така не е препорачливо во услови на криза. Ефектот на планирање на јавните приходи при погрешни проекции за растот на домашната економија може да се види од динамиката за наплата на даночните приходи за месеците јануари, фебруари, март 2009 кои изнесуваат 98%,91%,84% од планираното, респективно.

Конкретно во самиот ребаланс во однос на буџетот за 2009 година има намалување на јавните приходи за 6,6%, намалување на јавните расходи за 6,2%. Значајно да се спомене кај јавните расходи е дека падот на капиталните расходи е значително повисок од падот на тековните расходи, што од своја страна не е препорачливо во услови на рецесија. Уште позначајно е прашањето за какви капитални инвестиции се работи, односно дали од тие капитални инвестиции во иднина може да се очекува да бидат основа на раст движен од приватната иницијатива. Тука примат треба да се даде на капитални инвестиции кои ќе ги поттикнат приватните инвестиции и растот ,ќе ги намалат трошоците на производството, додека пак прашањето на корисност на самата инвестиција не треба да се става пред главната цел – закрепнување на стопанството.

Уште една критична точка на ребалансот е дефицитот. Иако самиот дефицит бележи благ пад во однос на претходно планираниот и останува ист во однос на има промена во начинот на негово финансирање.Имено позајмувањата од домашни извори се намалени, додека позајмувањата од странски извори се зголемени. Тоа само по себе не е толку трагично доколку не е проследено со погоре споменатата промена во структурата на јавните расходи. Во суштина се изведува заклучокот дека со позајмувања од странство се финансираат тековни расходи во услови рецесија, што пак може да се смета како негативна карактеристика на ребалансот. Сепак можеби најдобро решение на сите споменати проблеми би било позначајно намалување на тековните расходи.